По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца во изминатите 6 години, Скопско астрономско друштво и годинава повторно ќе се обиде да им ја приближиме астрономијата на децата на возраст од 6 до 12 години.
Курсот ќе започне на 05.05.2024 (понеделник) и ќе опфати 8 предавања (секој понеделник и среда), работилници и доделување на дипломи. Курсот ќе се одвива во простории на ФЕИТ (училна 122), со исклучок на посета на Планетариум и гледање низ телескоп. Предавањата се со почеток во 17:45 со времетраење од 50 минути. Во случај на поголема заинтересираност, ќе се организира втора група со почеток од 18:45.
Распоред на предавања е следен:
- Моделирање на Сончев систем
- Набљудување на Сонцето и Месечината (надворешна активност)
- Прошетка низ Сончев систем (надворешна активност)
- Посета на Планетариум при МКЦ
- Моделирање на Месечината, астероиди и комети
- Ѕвезди и совездија
- Галаксии
- Доделување на дипломи
Цената на курсот е 3000 денари и во неа се вклучени: посета на Планетариум, учество во интерактивни предавања, комплет опрема за сите експерименти и активности и подарок од Скопско Астрономско Друштво.