Скопски поетски фестивал

„Избор из савремене македонске поезије“- омаж на македонската поезија

Третото издание на Скопскиот поетски фестивал кој се одржа од 24 до 28 септември на неколку локации во Скопје понуди многу поезија од домашни поети, како и поети од Данска, од Малта, од Франција, од Хрватска и од Србија. Во програмата на фестивалот беа опфатени поетски читања, промоции на книги, изложба на фотографии, неколку поетски филмови, музички концерт, работилница за креативно пишување поезија и панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство.

Во склоп на фествалот беше и промоција на неодамна издадената книга „Избор из савремене македонске поезије“, кое приредено и преведено од Валентина Бакти е своевиден омаж на македонската поезија. Бакти направи избор од поезијата на 22 македонски автори и ги вклопи во прекрасен колаж од поезија и фотографија во градот во кој најголем дел од оваа поезија е створена. Скопје како филмски сет и современата македонска поезија, направија совршен видео есеј.  Радмила Ванкоска ги изработи портретите на поетите застапени во изданието, а видео есејот е на Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур.

Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур

-Сето ова започна од  желбата да се слушне нивната поезија и во Белград и тие поети понатаму да добијат свои самостојни збирки на поезија- вели Валентина Бакти за која љубовта кон македонската поезија започнала со поезијата на Петре М.Андреевски, за да продолжи со поетскиот израз на Игор Исаковски.

На прашањето колку беше тешко да се направи избор на овие 22 поети, Валентина вели дека кога сте долго време во тоа и знаете што ви се допаѓа,  сето тоа доаѓа природно.

-Не можам да кажам дека ми беше тешко. Уживав во тоа -раскажува Валентина.

Заедно со книгата направен е видео есеј како совршен склоп на македонската поезија и градот Скопје.

– Ми беше неверојатно инспиративно еден град да има толку многу различни филмски сетови. Вие во овој град буквално можете да излезете со камера и да снимате се од 20 -тиот век,  сите современи моменти и  всушност не ни беше воопшто тешко за два дена да снимеме се што ни беше потребно-  вели режисерот  Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур. За поетесата Ана Голјешка Џикова, макеодонската поезија преведена на српски јазик нуди нова димензија и емоција.

– Многу ми се допаѓа. Уживам. Особено кога ги читам песните на другарите кои сум ги читала на македонски јазик. Читањето на српски е во некоја поинаква позиција. Добива друг тон  и поинаква звучност, така што е богатство – вели Ана.

Најново

Последни колумни