„Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа“ известија од Зоолошката градина – Скопје.
Лавот Жика беше едно од омилените животни во зоолошката градина и него го сакаа како децата, така и возрасните.
Изминатиов период во скопската зоолошка градина угинаа неколку животни – евтанизирана беше слоницата, а и двете жирафи.