Скопската железничка станица ќе добие нов изглед

„Со отстранувањето на долгогодишните билборди и светлосни реклами го ослободуваме просторот и ја истакнуваме архитектурата на станицата. Благодарни сме на компаниите кои веднаш се согласија да ги тргнат своите реклами“, истакна Ивановски.

Започна првата фаза од проектот за реновирање на железничката станица во Скопје, со отстранување на првиот билборд и други реклами кои го покриваа автентичниот изглед на фасадата.

Директорот на Железница ИнфраструктураСиниша Ивановски, информира дека целта е станицата да се врати во оригиналниот изглед, со чиста и уредна надворешност и соодветна современа илуминација.

„Со отстранувањето на долгогодишните билборди и светлосни реклами го ослободуваме просторот и ја истакнуваме архитектурата на станицата. Благодарни сме на компаниите кои веднаш се согласија да ги тргнат своите реклами“, истакна Ивановски.

Проектот ќе се спроведува во неколку фази, а конечната цел е станицата да добие чист и современ изглед кој ќе ги подобри условите за патниците и ќе ја врати убавината на овој значаен јавен простор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни