Скопска секта 003: Слушачката промоција на новиот синг на Homme Fatale

Оваа суптилно безобразна, елегантна поп композиција е наменета да го задева слушателот и безусловно да му заглави во глава.

HOMME FATALE ја отвара новата едиција синглови на издавачката куќа СКОПСКА СЕКТА – наречена Forever Single – со песната ‘Хасан, зошто не ме сакаш?’.

Оваа суптилно безобразна, елегантна поп композиција е наменета да го задева слушателот и безусловно да му заглави во глава.

Слушачката промоција на овој несомнено иден хит сингл е закажана за 10 октомври (четврток) во Буква, истиот ден кога ова издание ќе биде достапно за слободно преземање.

СКОПСКА СЕКТА е издавачка куќа позади која стои Теа Шалдева, заедно со Огнен Златанов и Љубомир Ангелов.

Ова издание е трето по ред и заедно со новиот артист, го лансира и своето ново име (претходно позната како The Deepest Purple Club), како и новиот визуелен идентитет, направен од Иван Ивановиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни