„Скопје зборува: Што со пост-изборно Скопје?“ – Еко-настан за зелена иднина на градот

Настанот „Скопје зборува“ обединува експерти, активисти и граѓани за одржлива иднина на градот, во рамки на Еразмус проектот ГЕА.
Angel Angelovski photo

Во рамки на Еразмус проектот ГЕА – „Создавање генерација еколошки свесни возрасни“, се одржa настанот
„Скопје зборува: Што со пост-изборно Скопје? – Зелена култура, политика и граѓанство“, кој има за цел да поттикне отворен дијалог за одржлива иднина на главниот град по локалните избори.

Преку серија еко-монолози и панел дискусии, се отворija теми за урбан развој, одржлив транспорт, животна средина, инклузивни политики и граѓанско учество. Настанот овозможи вмрежување на претставници на институции, експерти, активисти, здруженија и граѓани, кои ќе ги споделат своите искуства, идеи и предлози за пост-изборно Скопје.

На настанот беше поканет и магазинот Трн. Зборувавме на тема колку градот е прилагоден на жените и како тој би изгледал ако беше „женски“.

Проектот ГЕА, кој изминатите три години промовира зелено граѓанство и одржливи урбани политики во Македонија, Италија (Сицилија), Германија, Белгија и Литванија, има за цел да создаде нова генерација на свесни, одговорни и еколошки ориентирани граѓани.

Настанот во Скопје претставува кулминација на повеќегодишна работа на организации, активисти и институции кои преку едукација, култура и граѓански ангажман градат визија за зелено Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни