Минатиот викенд Скопје беше домаќин на Skopje Tattoo Show 2024, настан што ги обедини најдобрите тату артисти од Македонија, регионот и пошироко. На годинашната интернационална тату конвенција гостуваа повеќе од 50 познати домашни и странски тату артисти. На второто издание на оваа уникатна тату конвенција, Скопје ја славеше различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето. Градот се претвори во платно на креативноста, индивидуалноста и страсната уметност на тетоважите. Посетителите имаа можност да видат како работат овие мајстори. Како се прават традиционални и современи тетоважи и кои се техниките на тетовирањето.
Skopje Tattoo Show 2024 им понуди на посетителите и единствена можност да бидат сведоци на живи перформанси на некои од најдобрите тату артисти од светската сцена, кои ќе ги демонстрираат своите вештини и креативни способности пред публиката. Освен тетовирањето, програмата ќе биде збогатена и со одржување на работилници, семинари, воркшопови, панел дискусии и демонстрации во живо, кои ќе овозможат интеракција помеѓу публиката и уметниците.
-Овогодинешното издание на Skopje Tattoo Show понуди над 60 артисти од цел свет. Имаме Македонци дојдени од Америка во Скопје за да се тетовираат. Имаме претежно артисти од Балканот. Фестивалот понуди безброј диџеи и понуди огромен плус во културата на тетовирањето. Интересот за вакви настани е доста голем од проста причина што мислам дека тattoo уметноста во последните неколку години доживеа сериозен подем. Сметам дека направивме нешто ново. Имаме конвенција каде ќе можете да ја видите tattoo уметноста, tattoo кулурата, супкултурите на пирсингот, на графити уметноста…Сметам дека ваквите настани се клучни за развојот на алтернативната сцена во Скопје, и не само за Скопје туку и во Македонија – вели тату артистката Мариго од Skopje Tattoo Show
Тетовирањето е форма на уметност која има долга историја и различни културни значења низ светот. Од традиционалните тетоважи до авангардните и модерни стилови, овој настан понуди по нешто за сите љубители на визуелната уметност и оние кои го препознаваат значењето на телото како платно за креативно изразување. Денес тоа е глобално призната форма на уметност.
-Тетовирањето во последно време се развива страшно брзо благодарение на многу настани кои се случуваат во Бугарија. Претходно беше повеќе како супкултура и беше поинтерсно и по андерграунд, додека сега е популарно. Целата индустрија на тетовирање, не само во Бугарија туку и во цел свет стана доста популарна. Границите се отворени. Луѓето гледаат како се работи надвор и како се работи во Бугарија и на Балкнот. Генерално културата на тетовирање е на многу високо ниво и имаме одлични артисти, имаме многу tattoo уметници и според мене одиме во одлична насока. Јас работам повеќе од 15 години од кои 8 години живеев во Швајцарија, така што можам да направам споредба. Според мене индустиријата на тетовирање во источниот блок е на многу високо ниво. Мое лично мислење е дека тоа затоа што имаме многу силни школи и развиени супкултури, но и музиката, сето тоа придонесува да биде високо нивото и на тетовирањето, вели Иван Панојотов, тату артист од Бугарија
Освен тетовирањето, програмата на Skopje Tattoo Show беше збогатена и со работилници, семинари, воркшопови, панел дискусии и демонстрации во живо. Овие активности овозможија интеракција помеѓу публиката и уметниците, создавајќи уникатна атмосфера за учење и размена на искуства.
Skopje Tattoo Show и овој пат беше повеќе од настан за тетоважи. Тој претставува еден вид празник на уметноста, индивидуалноста и креативноста.