Скопје се подготвува за „Бела ноќ“ на 4 октомври

Скопје повторно ќе заблесне во уметнички ритам – Универзална сала и Град Скопје ја најавија 21. изведба на културната манифестација „Бела ноќ“, која ќе се одржи во сабота, на 4 октомври 2025 година.

Целиот град ќе стане огромна сцена за концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални презентации и перформанси, отворени за сите граѓани и посетители.

Програмата вклучува:

  • Сули Ан (20:00 ч.) – мултимедијални презентации и изложби „Стара скопска чаршија: визии за иднината“, со DJ сетови на Дарко Јорданов, Бојан Јанев и диџеј Женева.
  • Музеј на македонската борба (20:00 ч.) – изложба „Од чета до армја“.
  • Научен музеј (20:00 ч.) – изложба „Преспанско езеро – бисер на природата“.
  • Детски културен центар (11:00 ч.) – детска ликовна изложба.
  • Библиотека „Браќа Миладиновци“ (19:00 ч.) – промоција на книгата „Работилница за поправка на чувства – втора антологија на иднината“.
  • Музеј на Град Скопје (19:00 ч.) – изложба на ДЛУМ.
  • Младински културен центар (20:00 ч.) – претстава „Велигденски варијации“ и изложба на детски цртежи на Славица Копенкова.

Настани ќе има и во Културниот дом „Кочо Рацин“ и во Културно-информативниот центар.

Организаторите истакнуваат дека „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје и можност граѓаните и уметниците да се поврзат преку заедничко креативно искуство. Манифестацијата се организира од Универзална сала, со финансиска поддршка од Град Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни