Од 5- ти до 16- ти јуни во Скопје

Skopje Pride Weekend 2024: „Останувајќи со нелагодноста“

Од 55-ти до 16 јунини на неколку локации во Скопје ќе се одржи Skopje Pride Weekend 2024 под мотото „Останувајќи со нелагодноста“. Настаните кои ќе го одбележат настанот ќе се случуваат во просториите на МКЦ, Станица 26, Театар Комедија и MoCA Скопје.

Постерот е изработен од Христина Иваноска која го работеше цртежот и Игор Делов кој го изработи графичкиот дизанј.

„Цртежот е дело на македонската уметница Христина Иваноска оригинално изработен за овогодинешното издание на феастивалот, а инспириран од темата во фокус. Континуираниот интерес на Иваноска за работа со текст, преку конструирање на содржина и негова визуелизација, ја инспирира да создаде сопствена типографија. Нарекувајќи ја „Архетип Отворена форма“ таа ги обедини нејзините интереси за (не)грижата и заборавот. Овој цртеж е дел од процесот да се создаваат и тестираат визуелни решенија со примена на типографијата. Изборот на дрвените боички и палетата произлегоа од блискоста на Иваноска со квир заедницата и препознавање на квир квалитети во сопствената уметничка пракса.„ Вака ја објансуваат организаторите идејата за цртежот на Иваноска.

Отворената форма на типографијата на Иваноска, велат тие резонира со овогодинешната покана на Фестивалот да се спротивставиме на идолите на готовите решенија и етичкиот императив кој ни налага да не ги затвориме знајните и незнајни други во банални, лесни, препознатливи категории и рамки, ниту пак да очекуваме вкалапени, дефинирани, неамбивалентни и досадно сигурни динамики и релации.

„Останувајќи со нелагодноста (и на читањето на овој цртеж), можеме да креираме транзициски и трансформативни инфраструктури во од, како отелотворени експерименти и пракса на одучување од вертикалните хиерархии, без однапред понудени решенија и категории, без цврсто зададени или сонувани структури, без перниците на фантазматската сигурност, и очекувањата за хармоничен и неконфликтен свет со другите.“, велат од Skopje Pride Weekend 2024.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни