Скопје подготвува нов модел за управување со отпадот од угостителскиот сектор

Градот Скопје воведува нови правила за угостителските објекти со цел подобро управување со отпадот и воспоставување ред во јавниот простор.

По средбата меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставници од угостителската индустрија, договорени се неколку мерки кои треба да ја подобрат состојбата на терен.

Според новиот договор, секој локал ќе мора да постави сопствени контејнери за отпад и ќе добие посебен тарифник со прецизно утврдени обврски и термини за собирање на отпадот, наменети исклучиво за правни субјекти. Ѓорѓиевски порача дека ваквата промена е неопходна за да се стави крај на хаосот и да се воспостави поорганизирано функционирање во јавниот простор, нагласувајќи дека редот и чистотата се предуслов за модерен и одржлив град.

Градските власти и угостителите се договорија и за назначување посебен советник кој ќе биде врска меѓу секторот и кабинетот на градоначалникот. На оваа позиција е избран Драган Арсовски, предложен и усогласен од сите страни вклучени во разговорите. Арсовски ќе има задача да реагира на проблемите на терен и да помогне во подобрување на условите за работа.

Угостителите се обврзаа до 15 јануари да ги достават елаборатите за користење на урбана опрема, за кои претходно не се наплатувале надоместоци, со цел да се воспостави јасен систем и правична наплата.

Градоначалникот нагласи дека мерките се дел од поширока стратегија за враќање на уредноста во градот, паралелно со развојот на ноќниот живот, истакнувајќи дека партнерството со угостителскиот сектор е клучно за подобра урбана култура и посилна економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни