Фестивалот ќе го отвори култната британска група „Massive Attack“ на 28 јуни – пионери на трип-хоп звукот, кои по цели 15 години се враќаат на сцената во Скопје со својата аудио-визуелна магија. Настап што не се пропушта – за сите што некогаш танцувале на „Teardrop“ со затворени очи.
Следната вечер, на 29 јуни, младите ќе го имаат својот глас – словенечкиот рок феномен „Joker Out“, познати по заразната енергија и модерниот рок стил што веќе го освои Балканот и Европа. Со најмногу млада публика зад себе, „Joker Out“ ветуваат вистинска фестивалска експлозија на емоции.
А големото финале ќе се случи на 22 август, кога на македонска сцена за првпат ќе настапи еден од највлијателните и најмистични музичари на нашето време – Ник Кејв. Со својата длабока поетика, мрачна елеганција и интензивна присутност, неговиот концерт ќе биде музички момент за паметење – вистински историски настан.
„Со Skopje Calling 2025 отвораме ново поглавје во музичката историја на Македонија – се гледаме летово на стадионот на АРМ!“, велат од „Авалон Продукција“.
Влезниците се веќе пуштени во продажба преку www.avalonbooking.mk. Резервирајте си место за најголемото музичко лето што некогаш го доживеала Македонија.