Скопјанец фрлал камења кон хеликоптер што гаснел пожар – приведен и ќе одговара кривично

Полицијата уапси 55-годишен жител на Скопје кој, според информациите на МВР, со камења нападнал полициски хеликоптер додека тој полнел вода во Вардар за гаснење на пожар кај Блаце.
Фото: ЦУК

Инцидентот се случил минатата недела, кога хеликоптерот „Белл 412“ се приближувал кон вливот на реката Лепенец во Вардар. Осомничениот влегол во плитките води, мавтал со раце и фрлал камења кон леталото. Поради загрозената безбедност, пилотите биле принудени да го сменат местото за полнење вода, со што била попречена мисијата за гаснење на пожарот. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни