Скопје има санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска извршил вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување вчера (31 мај) поради изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК. Од добиените резултати се констатира дека водата од
водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може
непречено да се употребува за хумана употреба, информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Како што се наведува во соопштението, мониторингот опфатил десет точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде биле земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на резидуален хлор, тестирањето било изведено и со страндардни методи со јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција (ПЦР) метода за микробиолошката анализа.

-Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки
ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за
пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од
водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може
непречено да се употребува за хумана употреба, се посочува во соопштението од ЈП Водовод и канализација-Скопје. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни