Скопје втора најзагадена европска престолнина, првите четири се градови од поранешна Југославија

Според Светскиот извештај за квалитетот на воздухот за 2024 година, Сараево е главен град со најлош квалитет на воздухот во Европа, со просечна концентрација на ПМ 2,5 честички од 30,8 μg/m³, додека Скопје следи веднаш зад него.

Скопје со концентрација од 21,6 µg/m³ е втор, додека Белград е трет со 17,9 µg/m³. Подгорица е на четврто место со 16,8 µg/m³, а првата петорка ја затвора Букурешт со 15,7 µg/m³.

Љубљана (15,6 µg/m³), Никозија (15,2 µg/m³), Кишињев (14,7 µg/m³), Тирана (14,5 µg/m³) и Приштина (14,2 µg/m³) се меѓу десетте најзагадени главни градови.

Загреб се најде на 11-то место со просечна концентрација на ПМ 2,5 честички од 14,1 µg/m³.

Од поголемите европски метрополи, подобар квалитет на воздухот е забележан во Варшава (13,4 μg/m³), Будимпешта и Братислава (по 12,0 μg/m³), додека Прага забележа најдобар квалитет на воздухот меѓу гореспоменатите градови со просечна концентрација од 11,4 μg/m³.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни