Скопје има оценка од 169 AQI на скалата на порталот. Најзагаден град во светот утрово е Лахор во Пакистан со воздух кој е класифициран како опасен и оценка од 326.
По Скопје следен град од Европа на листата е Приштина на 13. позиција со оценка од 158.
Податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека најмногу ПМ10 и ПМ2,5 честички има во Лисиче, но и дека голема загаденост има и во Кавадарци и Битола.
И покрај екстремното загадување, голем дел од граѓаните не се откажаа од бадникарските огнови и тие синоќа гореа низ целата земја.