„Скопје СИ ТИ“ е поетско читање на млади автори и ќе се одржи на 20 мај, вторник, на поетската сцена во главниот влез на Скопје Сити Мол, со почеток од 18:00 часот.
На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат: Јована Алексовска, Селин Есад, Христијан Илиевски, Максим Костадинов, Нино Наумовски, Милена Неделковска, Клаудио Серафиноски, Фотиј Сионис, Симона Срезовска, Бисера Стефановска, Методија Тасевски и Дарија Трендафиловска.
Станува збор за настан за поддршка на младите поети почетници, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на манифестацијата „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 19 до 21 мај, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов ‒ Поезија“, ПНВ Публикации, Култура Бета и други чинители, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата.
Влезот е слободен