Скопје попладнево го зафати невреме проследено со пороен дожд и град

Скопје попладнево го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град. 

– Поголема нестабилна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи засилен ветер и појава на град во поширокиот велешки регион и Скопје зафатено со нестабилност, грмежи поројни врнежи и појава на суградица, а нестабилноста се движи од североисток кон југозапад, се вели во објавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Фејбсук.

Покрај Скопје, и Велешко, Светиниколско, Штипско и Делчевско се зафатени од нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни