Скопје најзагаден град во светот, останете дома

Специјализираниот портал за следење на аерозагадувањето, IQAir го рангираше главниот град Скопје како најзагаден град во светот, со оценка од 263, односно многу нездрав воздух за дишење.

Податоците од Министерството за животна средина покажуваат концентрација на 356 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 251 во Гази Баба, 235 кај ректоратот, 209 во Центар, 180 во Карпош, 165 во Ѓорче Петров.

Освен Скопје, податоците на МЖСПП покажуваат висока загаденост и во Струмица и во Куманово.

Во Струмица се регистирани 330 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, со што е веднаш до Скопје, меѓутоа не е рангирана на IQAir.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни