Скопје протестира за остварување на основни права во 21 век

526502 жители на град Скопје, заложници на една личност – Данела Арсовска

На денешниот протест пред бараките на Град Скопје, голем број граѓани се собраа за да изразат незадоволство од колапсот на јавниот превоз, предизвикан од недостигот на гориво и лошо управување со ова јавно претпријатие. Младите, студентите, работници и родители од Шуто Оризари се обединија во гласни повици, барајќи итно решение за проблемите кои ги оневозможуваат да стигнат до училиште, факултет, работа или здравствени прегледи.„Не можеме да чекаме! Дајте ни превоз!“ – се слушаше гласно од толпата, додека транспаренти со пораки како „Не сме само бројка за избори!“ и „Што уште треба да се случи за да дадете оставка? Данела Арсовска!“ се вееја во воздухот.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, претходно повика на масовно учество, истакнувајќи дека јавниот превоз е основен услов за нормално функционирање на градот.„Сите ние сме жртви на системот! Време е да се слушне нашиот глас!“ – изјави еден од учесниците во протестот.

Студентите од УКИМ се приклучија на протестот,на чело со претседателот на УСС при УКИМ, Александар Николовски, носејќи плакати со пораки за правото на пристап до образование и услуги.„Ние сме иднината! Не дозволувајте да бидеме заглавени!“ – повикуваа младите активисти, барајќи од властите да преземат конкретни мерки за нормализирање на јавниот превоз во Скопје.

Граѓаните бараа одговорност од институциите и побараа итна акција за решавање на проблемот со ЈСП „Скопје“. Со оглед на тоа што ситуацијата со јавниот превоз е критична, протестот стана симбол на борба за основните права и потреби на секојдневниот живот во главниот град.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни