Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“

Скопје ќе биде домаќин на детски театри од регионот

Иако 2023 е година на „Роња, ќерката на ограбувачот“, таа нема да биде дел од официјалната селекција на фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“

Скопје се подготвува да биде домаќин на вториот по ред Интернационален фестивал на детски театри кој со љубов го носи името на визионерскиот актер Игор Маџиров. Овој несекојдневен настан е прослава на младешкиот дух и уметничката извонредност, организирана со страст и посветеност од страна на реномираниот Театар за млади и младинци. Додека завесите се креваат и светлата се затемнуваат, всушност оживуваат соништата и талентите на нашите најмлади актери и драматурзи. Меѓународниот фестивал Игор Маџиров ветува дека ќе биде магично зближување на културите, платформа за креативно истражување и сведоштво за универзалниот јазик на театарот кој ги надминува границите и генерациите.

„Многу сум горда што за прв пат направивме интернационален фестивал на детски театри во организација на нашиот театар, како дел од годишната програма. Фестивалот ќе се одржува од 27 септември до 30 септември на повеќе локации низ градот затоа што сме физички мала куќа и немаме толкав капацитет за сите претстави кои ќе гостуваат. Ќе учествуваат театри воглавном од регионот и тоа од Србија ќе има два гостувачки театри, едниот од Крагуевац и вториот „Душко Радовиќ“ од Белград.  Од хрватска ќе има исто два театри, едниот е од Загреб и куклениот тетар од Ријека. Од Словенија ни доаѓаат Кус Кус приватно театарско здружение. И ќе имаме еден театар од Шпанија кој ќе гостува со претставата „Ерор 404“. Од домашните театри ќе гостуваат приватен театар од битола „Бабец“  и Албанскиот детски театар. Вон селекцијата ако имаме средства ќе дојде еден театар на едни многу интересни мали нови форми, материјален театар од Албанија, поточно од Скадар“, изјави Катарина Илиевска Силјановска, директор на Театарот за деца и млади, за читателите на Трн.

Во рамките на овој фестивал таа најави и една многу интересна работилница за куклен театар, за работа со кукли, која што ќе ја води Тамара Бучиновиќ, професорка по кукларство од Осијек , Хрватска на нивниот факултетот за драмски уметности. Осијек е единствениот град во бивша Југославија каде има катедра за куклена режија. Работилницата ќе се одвива на ФДУ каде ќе бидат повикани студенти по глума.

Претседател на жирито ќе биде еден многу значаен режисер од Словенија, Тим Граднер, а уметничкиот одбор на фестивалот го сочинуваат: Ана Левајковиќ, Изабела Новотни и Игор Ивковиќ. Владимир Лазовски е селектор на фестивалот. Со мандат од две години по статут.

Технички сектор: Оливер Ставрев Ѓуро Дракулевски и едно лице од маркетинг секторот, а Ангеле Насковски е технички директор. Како надворешен продуцент е ангажиран Миодраг Костиќ.

„Покрај на сцената на нашата матична куќа, претставите ќе се играат и во МНТ на малата сцена и во Театар Комедија во претпладневните чаови. Претставите ќе бидат отворени за широка народна публика“, потенцираше Катерина.

Отварањето на фестивалот ќе биде со „Роња, ќерката на ограбувачот“ но оваа претстава нема да биде во официјална селекција, а фаворит на Катерина се словенците.

Идејното решение на визуелниот идентитет на фестивалот е на Бранкица Јорданоска.

На првото издание на фестивалот, гран при за најдобра претстава освои „Тивкото момче“ во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија. Жирито ја оцени како „комплетен уметнички чин што храбро отвора чувствителни теми, користејќи внимателно избран театарски јазик, лесно препознатлив и прифатлив од публиката“.

Фестивалот од оваа година е под покровителство на Претседателот на Република Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни