Скопје го слави духот на Евровизија: Настан во Сули Ан под слоганот „Обединети во нашите различности“

Амбасадите на Швајцарија, Германија и Шведска во Скопје организираат заеднички настан по повод годинешната Евровизија, кој ќе се одржи на 16 мај (четврток), со почеток од 20 часот, во културно-историскиот амбиент на Сули Ан, во рамки на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.

Настанот ќе биде одбележан со евровизиска музика и забавна програма, а се организира како симболичен вовед во финалната вечер на Евровизија, што оваа година се одржува во Базел, Швајцарија, под мотото „Обединети во нашите различности“.

Настанот е бесплатен и отворен за сите љубители на музиката, културата и европските вредности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни