Според платформата „IQ Air“, Скопје се наоѓа на трето место по загаденост на воздухот во Европа, по Сараево (3-то место) и Приштина (20-то место). Во светски рамки, главниот град на Македонија е на 23-то место според аерозагаденоста.
Мерењата во 11:30 часот покажале ниво од 121 ПМ честички, што е причина за препорака хронично болните лица и децата да избегнуваат излегување на отворено.
Пред само два дена, Скопје беше на врвот на светската листа за загаденост, кога беа измерени рекордни 263 единици на штетни честички.
Од Град Скопје денеска информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни, нагласувајќи дека тие се единствените на терен од 14 институции задолжени за животната средина.
Заменик-министерката за животна средина, Ане Лашкоска, изјави дека Владата донела краткорочни и долгорочни мерки и апелираше општините и сите надлежни институции активно да се вклучат. Таа побара општинските инспектори да спроведуваат контроли не само кај фирмите со А и Б интегрирани дозволи, туку и кај малите и средните претпријатија.