Скопје и вчера вечер беше меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk.
Според најновите измерени вредности, концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во центарот на Скопје изнесуваа 276 µg/m3, што е највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава.
Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во центарот на Скопје, каде што концентрациите се екстремно високи.
Да потсетиме, Скопје во изминативе неколку дена беше меѓу десетте на светската листа на градови со најзагаден воздух.
Со повеќекратно надминати концентрации на загадувачи во воздухот во последните 10 години, жителите на главниот град постојано се загрозени од високото ниво на аерозагадување штопретставува сериозен ризик за нивното здравје
Согласно податоците на СЗО, загадувањето на воздухот секоја година е одговорно за околу седум милиони смртни случаи, а дури 91% од светското население живее во региони каде загадувањето ги надминува пропишаните здравствени лимити.