Скинете лимон, портокал, смоква, праска или лајм од својот балкон

Овие 5 вида овошје лесно се одгледуваат во саксии и со многу сонце

Брзиот напредок во секоја сфера ни носи и џуџести сорти на многу овошни дрвја коишто може да растат во саксија во двор, на балкон или во затворен простор.

Прв на оваа листа е лимонот. Лимоново дрво може да го донесе мирисот на летото во секој простор. Лимоните во саксии бараат редовно наводнување, особено во потоплите месеци и често „хранење“ со посебно ѓубриво. На дрвјата од лимон не им треба многу кастрење и често може да цветаат и да даваат плод во текот на целата година.

Одлично растение за почетници, сè додека не се засадени во преголема саксија, се портокалите и мандарините. Дрвјата од портокал и мандарина можат да растат во саксии на отворено, а џуџестите сорти можат да напредуваат како овошни дрвја во затворен простор. Многу портокали и мандарини се самоопрашуваат, така што можете да добиете плод само со едно растение. Потребно им е редовно наводнување, но не премногу. Престанете да полевате кога ќе истече вода од дренажните дупки на дното на садот.

Разбудете го чувството на медитеранска градина со одгледување смоква во саксија. Нивната предност е што се отпорни на суша штом ќе се формираат, не им пречат затворените корени во саксии, а можете да добиете и самоопрашливи сорти. Тие се брзорастечки овошни дрвја, така што на смоквите ќе им треба кастрење. Кастрете ја смоквата кога е заспана и избегнувајте сечење во лето.

Праските се познати по прекрасните пролетни цветови и сочните, слатки плодови кои следат во лето и лесно е да се одгледуваат и негуваат во саксии. Праските можат да поднесат и подиректна светлина отколку некои од цитрусните дрвја. Праските навистина сакаат топлина и сакаат да растат на сончево место.

На овој список е уште едно цитрусно дрво – лимета (лајм). Одберете сончево место кое добива 6-8 часа директна сончева светлина во текот на денот и одржувајте ги растенијата добро наводнети, но не премногу. Ако преферирате кисел вкус, берете ја лиметата порано. Во спротивно, скинете ја овошката кога ќе почне да пожолтува. Ова овошје има низа примени во кујната, а сепак може да се чува во затворен простор во текот на целата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни