Скандинавски метод на спиење за помалку кавги во бракот

Скандинавскиот метод на спиење доби голема популарност во последните години, а паровите тврдат дека им помогнал да го подобрат односот во врската или бракот.

Американската инфлуенсерка Ерика Столман Дауди и нејзиниот сопруг почнале да спијат со два посебни покривала во ист кревет. Таа верува дека стилот на спиење, наречен скандинавски метод на спиење, не само што им помогнал да спијат подобро, туку и ги спречил расправиите за кражба на покривала.

„Конечно се префрлив на скандинавскиот метод на спиење и мојот брак никогаш не бил подобар“, открива Ерика, која го пробала скандинавскиот метод на спиење со својот сопруг кога биле во Данска.

„Мојот сопруг и јас го сакаме Копенхаген, сме биле таму многу пати и секогаш таму сме спиеле со два покривача на креветот. И спиеме толку добро, никој не се буни за покривачот и никому не му е премногу жешко или премногу ладно. Апсолутно е неверојатно“, вели Ерика.

Откако се вратила дома од нивното последно патување, Ерика одлучила во спалната соба да направи „преуредување инспирирано од Копенхаген“.

„Нема горна украсна покривка. Апсолутно е бескорисна, па ќе се ослободам од неа. И највозбудливиот дел? Мојот сопруг и јас ќе имаме скандинавски метод на спиење, тоа е апсолутно најудобниот начин за спиење. Ги менува работите на толку подобро и може да спаси многу бракови“, изјави таа.

@ericastolmandowdy

the Scandinavian sleep method is an absolute game changer. 10/10 recommend ☁️ #scandinaviansleepmethod #danishdesign #danishinterior

♬ original sound – Erica Stolman Dowdy

Нејзиното видео на TikTok собра над 5 милиони прегледи, а многумина велат дека едвај чекаат да го испробаат стилот на спиење што „го менува животот“.

„Апсолутно морам да го пробам, генијално е“, „Ќе го пробам веднаш“, се само дел од коментарите. Многу нејзини следбеници открија дека со години спијат со посебни покривала.

„Да се ​​има одвоени покривала е најдоброто нешто што сме го направиле за нашата врска“, „Дали ова не е најдобрата ситуација за спиење досега? Почнав да го правам ова пред една година и ме спаси од спиење во посебна просторија“, ги споделија својата искуства.

Скандинавскиот метод на спиење има многу предности, вклучително и намалување на нарушувањата на спиењето и овозможување на секој човек да ја регулира сопствената температура ноќе. Методот го доби своето име откако стана популарен во Шведска, Норвешка и Данска.

Извор: etto.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни