Американската ѕвезда на кантри-поп музиката и моментално веројатно најпопуларната музичарка на планетата, Тејлор Свифт штотуку ја завршува својата светска турнеја „Eras“, со која заработи повеќе од милијарда долари, „пеејќи“ речиси исклучиво на плејбек, се тврди согласно анализите со употреба на модерен софтвер базиран на вештачка интелигенција.
Првите сомнежи за автентичноста на настапите во живо на младата и многу успешна кантавторка ги искажа Дејвид Грол од рок групата Foo Fighters, а кон средината на годината многу медиуми го доведоа во прашање концертниот звук на Тејлор Свифт и нејзиниот придружен бенд.
Но, дури минатата недела Филип Хенли, попознат на Јутјуб како Wings of Pegasus, ја доведе работата до крајност користејќи технологија за вештачка интелигенција.
Призна дека не било лесно, бидејќи врвната технологија, но во спротивна насока, ја користат и самите изведувачи, за да сокријат дека нивните „настапи во живо“ често не се навистина – во живо, туку на плејбек.
Фил ја издвои вокалистката Тејлор Свифт од неколку настапи годинава, од повеќе континенти, и дојде до очекуваниот заклучок: на секој од нив „пееше“ апсолутно исто, до милисекунда прецизно и идентично во секој поглед.
„Тоа е апсолутно невозможно во реалноста“, објасни Фил, релативно познат музичар, гитарист и пејач, кој по интересниот настап во X factor, светската слава ја стекна токму со анализа на музиката на најпознатите светски артисти на својот YouTube канал.
Во три делови од по повеќе од половина час, по споредување на најмалку пет концерти и слушање на неколку часа музика на Тејлор Свифт, Фил дури и на своите обожаватели им докажа дека целата турнеја е прилично голема измама.
„Што се однесува до мене, сосема е во ред некој да заработи добро на турнејата, но мислам дека сепак би било фер кон нејзината публика ако таа им каже дека всушност ќе платат скапи билети за да ја видат во живо, додека сè друго, освен најавите на песните и разговорот со бендот, е однапред снимено“, изјави Фил.