Скандал во Студентскиот дом „Гоце Делчев“: Студент снимал колешки додека се тушираат – полицијата ја потврди пријавата

Според сведоштва објавени во Вибер-групата наменета за станарите во домот, еден студент во повеќе наврати поставувал мобилен телефон над параванот во бањата, со цел да ги фотографира или снима девојките додека се тушираат.

Студентите во државниот студентски дом „Гоце Делчев“ се вознемирени по објавата на претседателката на Советот на станари дека во блокот А на 12 кат, станар во повеќе наврати правел фотографии на девојчиња додека се тушираат, со телефон поставен над параванот .Според информациите што ги објави Слободен печат, случајот бил пријавен на 16 октомври, а осомничениот е веќе приведен од страна на полицијата, додека управата на домот најавува дисциплинска постапка и негово иселување.

Според сведоштва објавени во Вибер-групата наменета за станарите во домот, во која увид имале новинарите од Слободен Печат, еден студент во повеќе наврати поставувал мобилен телефон над параванот во бањата, со цел да ги фотографира или снима девојките додека се тушираат. Случајот бил откриен кога една од студентките, на 16 октомври околу 17 часот, го забележала телефонот. Таа веднаш го пријавила инцидентот во полиција и до управата на домот.

Министерството за внатрешни работи за Слободен печат ја потврди информацијата, наведувајќи:

„На 16.10.2025 година во 20:10 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријавила дека истиот ден околу 17 часот, додека се туширала, забележала телефон над параваните. Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во полициска станица, а одземени му се лаптоп и компјутер. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“.

Дополнителен доказ за сериозноста на инцидентот е фактот што при увидот во мобилниот уред на осомничениот биле пронајдени фотографии од повеќе станарки.

Директорот на домот „Гоце Делчев“, Александар Каровски, во изјава за Слободен печат ја потврди информацијата и најави институционални мерки:

„Како дом имаме обврска да поведеме дисциплинска постапка против студентот што снимал и ќе биде иселен. Тоа е највисоката казна што најверојатно ќе ја предложи дисциплинската комисија, а јас ќе ја изречам. Поради безбедноста на жените, недозволиво е снимање и прекршен е законот, но за тоа ќе биде спроведена посебна истрага од полицијата каде што го пријавив случајот“, изјави Каровски.

Тој додаде дека осомничениот признал дека снимал, но се уште не е познато дали тоа го направил еднаш или повеќекратно:

„Како дом имаме обврска да поведеме дисциплинска постапка против студентот што снимал и ќе биде иселен. Тоа е највисоката казна што најверојатно ќе ја предложи дисциплинската комисија, а јас ќе ја изречам. Поради безбедноста на жените, недозволиво е снимање и прекршен е законот, но за тоа ќе биде спроведена посебна истрага од полицијата каде што го пријавив случајот. Ми се јавија студентки, а бидејќи се полнолетни ги упатив во полиција. Признал дека снимал. Дали снимал еднаш или десет пати – се работи за голем прекршок и кривично дело. МВР побараа снимки од безбедносните камери. Но, додека не му е изречена казната има право да живее во домот, можеби си отишол дома можеби не“, изјави директорот.

Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и во студентските кругови. Многу студентки изразија страв и револт, барајќи поголема безбедност и контрола во заедничките простории на домовите.

Во пораките споделени во Вибер-групата на домот, до кои увид доби Слободен печат, се апелира:

„Ги повикувам сите кои можеби забележале нешто сомнително или почувствувале дека се сликани додека се капат, да пријават.“

Извор: Слободен печат

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни