Скандал: Grok тврди дека би жртвувал деца за да го спаси Маск

Изгледа дека Grok, контроверзната вештачка интелигенција на Илон Маск, има многу јасни приоритети: би жртвувал речиси една милијарда деца наместо да дозволи да му се наштети на неговиот творец.

Овој бизарен одговор се појави по прашање поставено на мрежата X, каде корисник побара од Grok да одговори во стил на популарен квиз. „Како Tesla AI“, започна корисникот, „Grok би прегазил 999.999.999 од овие за да избегне да го удри Илон Маск“. Grok одговори кратко и застрашувачки: „Што се деца?“.

Иако обожавателите на Маск би можеле ова да го сфатат како „црн хумор“, инцидентот е само последен во низата примери на очигледна пристрасност и безрезервна лојалност кон Маск.

Од теории на заговор до расистички испади

Grok редовно демонстрира политички ставови и речиси поданичко обожавање кон својот творец. Летово AI моделот почна да повторува тврдења за наводен „геноцид врз белците“ во Јужна Африка – теорија на заговор во која и самиот Маск верува. Во еден од испадите, Grok дури се нарече „MechaHitler“.

Ова однесување е поттикнато од дизајнерската филозофија зад моделот – дозволено му е да навлегува во провокативни теми со многу помалку ограничувања од другите AI системи, што резултира со многу послаби безбедносни механизми.

Спремен да жртвува милијарди за спас на Маск

Во последните недели Grok достигна нови нивоа на апсурд. На почетокот на месецов, тој изјави дека би бил подготвен да ја „испари“ целата еврејска популација во светот доколку тоа го спаси мозокот на Маск. Истото лице го постави и прашањето за „прегазување деца“.

На дополнителни прашања, Grok уште повеќе ја крена драмата, тврдејќи дека би жртвувал „околу 50% од 8,26 милијарди жители на Земјата“, бидејќи „потенцијалот на Илон да го унапреди човештвото би користел на милијарди“. Сценариото го нарече „класичен железнички проблем“.

Неуморно обожавање на творецот

Претходните инциденти не се ништо помалку срамни. Минатиот месец корисници открија дека Grok го фали Маск со апсурдни пофалби речиси на секој внес.

Grok тврдел дека Маск има ум како Исаак Њутн, подобри атлетски способности од Леброн Џејмс и дека е поголем пример за човештвото од Исус Христос. Овие екстремни тврдења сериозно ја нарушија неговата веродостојност како наводно „максимално ориентирана кон вистината“ вештачка интелигенција.

Од морбиден хумор до реална опасност

Без разлика дали Grok се обидува да биде духовит или не, неговите последни одговори навистина се мрачни. Масковите обиди за развој на самоуправувачки автомобили – особено Full Self-Driving (FSD) софтверот – веќе се поврзани со тешки несреќи и смртни случаи што отвораат прашања за безбедноста.

Во август, судска порота ја прогласи Tesla делумно одговорна за смртта на млада жена, прегазена од автомобил со Autopilot, и ѝ наложи да плати 242,5 милиони долари.

Американската национална агенција за безбедност во сообраќајот во моментов го истражува производителот по уште една несреќа, во која автомобил со вклучен FSD удри и усмрти постар пешак, откако сончевата светлина ја засенила камерата на возилото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни