„Ова не е наша војна! Ние не сме одговорни за неа, не ја почнавме, не учествувавме во неа. Престанете да нè провоцирате, престанете да ја загрозувате нашата енергетска безбедност и да се обидувате да нè вовлечете во вашата војна!“, напиша Сијарто на Х.
Унгарската влада одлучи да му забрани влез во шенген-зоната на командантот на украинските вооружени сили, кој е одговорен за нападот на нафтоводот „Дружба“.
„Нападот на „Дружба“ го сметаме за напад на нашиот суверенитет. И, се разбира, ниеден напад на нашиот суверенитет не може да остане без последици. Затоа решивме да му забраниме на командантот на воената единица која ги изврши најновите, исклучително сериозни напади на нафтоводот „Дружба“, влез во Унгарија и во целиот шенгенски простор“, рече Сијарто во видео-порака емитувана на социјалните мрежи.
Сибиха претходно на Х соопшти дека амбасадорот на Унгарија во Киев бил повикан во Министерството за надворешни работи на Украина.
„Тој доби протестна нота како одговор на дискриминацијата на Унгарија против унгарското малцинство во Украина, особено против нашиот бранител со унгарско потекло, на кој му беше забранет влез во земјата на неговите предци. Ја повикуваме Унгарија понатаму да се воздржи од непријателски дејствија и наместо тоа да се вклучи во конструктивен дијалог, за кој Украина останува подготвена“, напиша Сибиха.
Претходно, во реакција за забраната за влез на украинскиот командант во Унгарија, Сибиха реагираше дека тоа е „бесрамно да се објави по бруталниот напад на терористичката држава Русија“.
„Петер, ако рускиот гасовод ти е поважен од украинските деца убиени од Русија утрово, тоа е морално распаѓање. Унгарија е на погрешната страна на историјата. Ќе преземеме реципрочни мерки“, изјави шефот на украинската дипломатија.