„На ден 26.08.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија има вкупно четири пожари на отворен простор, нема активни, три се под контрола и еден пожар е изгаснат. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума); Изнаснат во Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ѓубриште“ – стои во соопштението на Центарот за управување со кризи.
Под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде горело мешана шума, пожарот во општина Гевгелија на планината Кожуф, како и во општина Долнени кај селото Долгаец каде горела мешана шума.