Ситкоми го смеат, сонува за турнеја со Рамштајн

Стефан живее во Скопје. По занимање е фотограф. На случајната средба со колегата, фотографот на Трн, за да испрати позитивна порака, кажа што го смее и за што сонува.

„Сонувам да заминам на светска турнеја со Рамштајн, тоа ми е желбата. А, инаку се смеам на ситкоми“ – изјави Стефан и продолжи да фотографира, можеби да улови нечија насмевка.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни