„Една љубов, безброј подароци“: Сити базар во пресрет на Денот на вљубените

Од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол, посетителите ќе можат да изберат рачно изработени, автентични подароци од домашни ракотворци и креативни брендови.

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневниот „Сити базар“ под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Настанот нуди алтернатива на масовните подароци, фокусирајќи се на уникатни, рачно изработени производи со личен печат и јасна порака за љубов.

Базарот обединува современи ракотворци и домашни мајстори кои преку своите креации раскажуваат индивидуални приказни – од органска козметика и уметнички дела, до декоративни и ароматизирани свеќи инспирирани од Денот на вљубените. Посетителите ќе можат да најдат и рачно изработени колачиња, накит од глина и епоксидна смола, филигрански накит, рачно насликана керамика, embroidery накит, плетени чанти, кожни производи, дрвени изработки, гипсени декорации, како и внимателно дизајнирани љубовни сувенири.

Со свои современи и оригинални колекции ќе се претстават вкупно 30 ракотворци и брендови, меѓу кои: Вегама, Фантаст уметничко студио, Scented Studio, Luxify, МАТРЈОШКА, Нате препорачува, Атеље Сиена, Luxurysoapmm, GAIA _X, Simple Du, ARTNOK, Stardust Kejt Rakotvorbi, Џули Декупаж, Small piece of joy, Ivi lu, Filigree LARGO, Laser Dekor, Wonderlight, vbunarovska, ByMimiCosmetics, МЕДЕНА, Sky’s The Limit, Candle Dreams, Бибер и Ванила, Балон Твистер, Елена Ристовска, NM illustrations, Botanikly, SIRA leather и KP Crafts.

Како платформа за креативност и занаетчиска умешност, „Една љубов, безброј подароци“ им нуди на посетителите внимателно селектирани подароци со автентична приказна – избор што ја става вредноста на рачната работа и личната порака во преден план.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни