На 17 јуни во 17.00 часот во дворот на МОФ ќе се одржи дебатата „Солидарност во битката за јавните простори” на која ќе зборуваат ,,Сите за МКЦ“.
Настанот е дел од ,,Engage YOUTH #2!”.
,,Сите за МКЦ е движење на уметници кои се борат за зачувување на Младински Културен Центар (МКЦ). Тие континуирано се борат за солидарност во битката за јавните простори. На овогодинешното второ издание на Engage Youth, тие ќе се осврнат на загрозеноста на јавните простори, општественото и политичко значење. Но, исто така и екстремната урбанизација како закана. Дополнително, тие ќе дадат поуки и совети за младински иницијативи и како младите да застанат за одбрана на градот и младинските простори” стои во најавата за дебатата.