Со тоа, како што се наведува, ќе се стави крај на работата на медиумската мрежа основана пред повеќе од 80 години, со цел да се спротивстави на нацистичката пропаганда за време на Втората светска војна.
Според изјави на четворица вработени во VOA кои се запознаени со ситуацијата, но побарале да останат анонимни, отказите ќе ги зафатат сите 800 преостанати вработени со полно работно време.
Претходно овој месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп веќе отпушти речиси 600 надворешни соработници на „Гласот на Америка“.
Раководството им порачало на вработените да бидат подготвени за отказни решенија во наредните денови. Како што изјавил еден од раководителите во медиумот за Politico, според разговорите со службеници од Американската агенција за глобални медиуми (USAGM), која е матична институција на VOA, се очекува отказите да бидат севкупни и медиумската мрежа фактички да престане со работа.
Одделот за човечки ресурси при USAGM бил информиран дека известувањата за намалување на бројот на вработени ќе започнат да се испраќаат уште денес.
Од Politico наведуваат дека не добиле одговори на своите барања за коментар од USAGM, Министерството за државна ефикасност и Белата куќа.
„Гласот на Америка“ е основан во 1942 година и е најголемата и најстарата американска меѓународна радиодифузна мрежа.