Сите системи се во функција и нема одложени летови на македонските аеродроми

Фото: Stas Kozlovskiy, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Од ТАВ Македонија известија дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови на двата македонски аеродроми во Скопје и Охрид.

„Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите“ велат од ТАВ Македонија.

Тие ги советуваат патниците да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која го резервирале билетот.

Како што велат од ТАВ Македонија, сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на патниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни