Сите се изненадени од астрономските цени на билетите за последните концерти на Адел

Цените на влезниците за концертите на Адел во Лас Вегас се продаваат со вртоглави суми, бидејќи се најавени како последни, пред поп-ѕвездата да замине на подолга пауза од музиката.
Фото: X/@sophxadelexf1

„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, рече Адел за германскиот ЗДФ пред десетте распродадени настапи во Минхен.

Но, Адел очигледно решила добро да ги наплати солзите на фановите. Многумина останаа шокирани од цените на билетите за последните концерти пред најавената музичка пауза.

На веб-страницата Seat Geek, првите места до сцената чинат повеќе од 5.000 долари, додека оние што се најоддалечени од сцената ќе мора да издвојат помеѓу 3.500 и 4.800 долари.

Некои препродавачи нудат билети по астрономски цени, препродавајќи ги за 13.000 долари до дури 70.000 долари за седишта пред сцената. Многумина останаа запрепастени од цените на билетите, а своето незадоволство го изразија на социјалните мрежи.

„Влезниците во Минхен беа бесплатни во споредба со овие цени“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Еве зошто многу Американци дојдоа на концерти во Германија“, напишаа обожавателите на Инстаграм.

Но, Адел веројатно финансиски се обезбеди откако реши да започне со нова кариера, односно со глума.

„Адел посетува интензивни часови по глума кај врвен холивудски тренер повеќе од една година. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе“, изјавил извор за Дејли Мејл.

„Личност која е високо во Холивуд ја советуваше да оди на час по дикција, ако веќе не го направила тоа, бидејќи нејзиниот природен акцент ќе и ги ограничи улогите кои може да ги игра“, додава изворот.

Има и филм на кој би сакала да работи, но сè уште нема сценарио бидејќи, како што вели, сценаристот не е „ментално подготвен“ за тоа. Додека многумина ги коментираат цените на билетите во Лас Вегас, на почетокот на септември се појави веста дека Адел одбила потенцијална заработка од 200 милиони долари, што би бил нејзин најголем хонорар во кариерата.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни