Сите мислат дека Грците се мрзеливи, но податоците велат друго: Најмногу работат, а најмалку заработуваат

Додека другите земји од Европската унија размислуваат дали да се префрлат на четиридневна работна недела или на седумчасовен работен ден, Грција уште повеќе ја отежнува ситуацијата за вработените.

Новата студија на Евростат покажува дека Грците работат најмногу во Европа, најмалку заработуваат и имаат најниска куповна моќ меѓу членките на ЕУ.

Според податоците од 2024 година, жителите на Грција работеле во просек 39,8 часа неделно, што е највисока бројка во Европа, во споредба со просекот на ЕУ од 36.

На пример, просечниот Данец заработува 44.000 евра годишно, а работи 32 часа неделно. Грчки работник работи 40 часа неделно, но заработува 18.000 евра. Ако на тоа се додадат дополнителни работни места и непријавена работа, вистинската работна недела трае до 46 часа.

Во истражувањето, 61 отсто од Грците изјавиле дека нивната работа влијае на нивното физичко и ментално здравје, а 64 отсто дека стресот на работа влијае и на нивниот приватен живот. Половина од нив истакнале дека се борат со стресот на работното место.

Додека другите земји од Европската унија размислуваат дали да се префрлат на четиридневна работна недела или на седумчасовен работен ден, Грција уште повеќе ја отежнува ситуацијата. Имено, некои компании ќе мора да работат шест дена во неделата.

Иако предлогот се уште е во почетна фаза, може да се види во која насока се движи грчкиот пазар на труд.

Експериментите со четиридневната работна недела покажаа дека помалку работни часови и подобри услови водат до поголема продуктивност.

Грција се согласува со тој аргумент, бидејќи навистина има ниска продуктивност во таа земја, но тоа се припишува на застарените системи и опрема, лошите услови за работа и недостатокот на технологија и иновации кои би поедноставиле многу секојдневни задачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни