„Сите го викаат Реџо“ со награда за најдобра режија на TIFF – Tirana International Film Festival

Ибер Деари е роден во Куманово во 1990 година и е режисер, сценарист, продуцент и директор на фотографија

Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за Најдобра режија на престижниот Tirana International Film Festival.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм и беше дел од натпреварувачката програма во категоријата Perspective.

Жирито ја оцени режијата како најдобра со следното образложение:

„Во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат живописни ликови, надополнети со префинета визуелна композиција. Во комплексниот жанр на комедијата, неговата острина открива длабочини зад хуморот на секојдневниот живот. Со жив дух ја прикажува суштината на едно младо албанско семејство во Северна Македонија, осветлувајќи универзални предизвици кои одекнуваат низ граници, култури и време. Неговиот храбар дебитантски потег ја трансформира комедијата во длабока човечка драма, со суптилна и професионална визија реализирана со извонредна умешност.“


Ибер Деари е роден во Куманово во 1990 година и е режисер, сценарист, продуцент и директор на фотографија. Дипломирал во 2013 година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Есра“ во Скопје.

Автор е на повеќе наградувани филмови („Мојот град вреска“ (2015), „Долг пат кон дома“ (2017), како и на голем број кратки играни и документарни видеа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни