Изложбата, организирана од здружението „Архифакт“, обединува 42 уметници – негови некогашни студенти од Факултетот за ликовни уметности (1980-2000), кои со огромна љубов и почит го одбележуваат овој јубилеј. Делата на уметници како Новица Трајковски, Симонида Филипова Китановска, Перо Георгиев-Пепси и многу други, сведочат за влијанието на Анастасов врз македонската уметничка сцена.

Она што го прави настанот уште позначаен е што во иницијативата се вклучиле не само неговите студенти од сликарските класи, туку и оние кои ги следеле неговите предавања – дури и уметници кои живеат во Австралија, САД, Германија и Бугарија испратија свои дела за изложбата.
Изложбата ќе биде отворена до 18 март 2025 година, а за реализацијата се погрижија и неколку општествено одговорни компании, вклучувајќи ги Бато & Дивајн, Проспериум Филмс, Пивара Скопје и Попова Кула.