Многу станици едноставно не можат да ја исполнат побарувачката за бензин бидејќи милиони жители на Флорида колективно се евакуираат, рече Патрик Де Хан, шеф на анализа на нафта во GasBuddy. Според податоците, околу 1.200 од 7.900 бензински пумпи во државата моментално се без гориво.
„Големиот дел од ова е поради тоа што луѓето едноставно сакаат да се извлечат од опасноста“, изјави Де Хан за CNBC. Цените не треба да растат како последица на невремето бидејќи не се очекува да бидат погодени инфраструктурата и рафинериите, рече тој.
Massive evacuations in Florida due to Hurricane Milton. This is I-75 in Tampa. pic.twitter.com/owHfH8v8sj
— T_CAS videos (@tecas2000) October 8, 2024
Се предвидува дека Милтон ќе удри на западниот централен брег на Флорида во среда навечер, а потоа ќе се движи кон исток-североисток низ централниот дел на државата до четврток, според Националниот центар за урагани.
Милтон моментално е бура од 4-та категорија со максимални постојани ветрови од 240 километри на час. Се прогнозира дека бурата ќе стане „исклучително опасен ураган“ преку копното во Флорида, според синоптичарите.
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, во вторникот наутро изјави дека државата складира гориво пред невремето. „На бензинските пумпи им снемува гориво и линиите се долги, но нема недостиг во државата“, рече ДеСантис.
Горивото продолжува да пристигнува во Флорида преку присаништата и камиони испраќаат залихи до станиците во областа на предвидениот удар, рече гувернерот. Пристаништето Тампа и другите пристаништа на брегот на Заливот не примаат бродови, но објектите имаат гориво при рака и операциите на пристаништето ќе продолжат, рече тој.