Сирија официјално го призна Косово

Претседателката Вјоса Османи соопшти дека во Ријад е постигнат договор со поддршка на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, со што Арапската Република Сирија станува новата држава што го призна Косово.

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека Арапска Република Сирија го призна Косово.

„Со поддршка на неговото кралско височество, престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд, денеска во Ријад постигнавме договор преку кој Арапската Република Сирија ја признава Република Косово. Му благодарам на претседателот Ал Шара за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за нашиот народ“, напиша Османи на Фејсбук.

Таа додаде дека народот на Косово и Сирија многу страдал и направил жртви за да ја постигне слободата.

„Нашата Република оди напред и ништо не може да ја запре“, посочи Османи.

Досега 120 држави го признале Косово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни