Според информации на CNN, 32-годишниот Рајнер бил виден како се расправа со својот татко во саботата, за време на приватна празнична забава во домот на телевизискиот водител Конан О’Брајан. Тој е приведен под сомнение за двојно убиство и моментално се наоѓа во притвор без можност за кауција.
Полицијата соопшти дека случајот официјално ќе биде проследен до Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, која ќе одлучи дали ќе поднесе обвинение. Телата на брачниот пар ги пронашла нивната ќерка Роми, која ја известила полицијата, а според неофицијални извори, таа уште на почетокот се сомневала во својот брат.
Во меѓувреме, изјава објавена на социјалните мрежи од американскиот претседател Доналд Трамп, по повод смртта на Рајнер и неговата сопруга, предизвика силни реакции и критики. Во објавата, Трамп користеше остар и политички обоен тон, што беше осудено од бројни јавни личности, законодавци и политичари, вклучително и од редовите на Републиканската партија.
И покрај реакциите, Трамп подоцна ја засили својата критика, нарекувајќи го Рајнер „пореметена личност“ и изјавувајќи дека никогаш не бил негов поддржувач.
Роб Рајнер беше еден од највлијателните американски режисери и актери, автор на култни филмови како „Кога Хари ја запозна Сали“, „Остани со мене“, „Принцезата невеста“, „This Is Spinal Tap“ и „Неколку добри луѓе“, кои оставија длабока трага во американската и светската кинематографија.
Извор:N1info.rs