Џејми го изрази своето незадоволство на Инстаграм. Тој го обвини коосновачот на Линкин Парк, Мајк Шинода дека „тивко ги бришел животот и наследството“ на неговиот татко, за време на Меѓународниот месец за превенција од самоубиства. Тој ги истакна проблематичните детали за Емили Армстронг, вклучувајќи ја и нејзината поврзаност со Скиентолошката црква, како и нејзината поддршка за Дени Мастерсон, кој минатата година беше осуден на 30 години затвор за силување на две жени.

Тој го обвини бендот дека ги разочарале фановите и ја изневериле нивната доверба.

„Фановите веруваа дека си подобра и поголема личност од ова“, напиша тој обраќајќи се до Мајк, додавајќи дека е „сенилен и глув“. Инаку, фановите беа загрижени и за името на новиот албум From Zero. Многумина се загрижени дека намерата на бендот е целосно да се заборави наследството на Честер.
28-годишниот Џејми е син на Честер и Елка Бренд. Честер си го одзеде животот во својот стан во 2017 година. Со години пред тоа се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Џејми со години тврди на социјалните мрежи дека неговиот татко „не умрел како што велат дека умрел“.
Во 2019 година се појавија вести дека групата бара нов фронтмен, но Шинода тогаш изјави: „Тоа не е мојата цел. Тоа е нешто што треба да се случи природно, и ако најдеме некој кој е одличен и мислиме дека ќе се вклопи, можеме да работиме заедно, но тоа нема да биде затоа што сакаме да го замениме Бенингтон затоа што не сакам да се чувствувам како да го замениме“.
Овој месец заедно со пејачката Емили Армстронг, Линкин Парк го претставија и новиот тапанар Колин Бритајн, кој ќе им се придружи на Мајк Шинода, Бред Делсон, Феникс и Џо Хан во новата постава на Линкин Парк. Тие го издадоа синглот The Emptiness Machine и го најавија албумот From Zero кој ќе излезе на 15 ноември.
Линкин Парк е алтернативен рок бенд основан во 1996 година во Лос Анџелес, а три години подоцна на бендот му се придружи Честер Бенингтон, кој беше фронтмен до неговата смрт. Во 2000 година, тие го издадоа својот деби албум Hybrid Theory, кој беше огромен успех.
Линкин Парк го објавија својот последен албум два месеци пред Бенингтон да си го одземе животот. Неговата трагична смрт ги погоди обожавателите ширум светот, а Линкин Парк не сакаше да продолжи да настапува без него.
Извор: Индекс