Пакс Џоли-Пит, синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, се опоравува од тешката сообраќајна несреќа која ја имаше минатата недела. Како што објавуваат американските медиуми, тој е пуштен од интензивна нега, но го чека уште долг период на опоравување и физикална терапија.
„Го пуштија од интензвина нега. Има комплексна повреда и сега почнува долг пат на опоравување и физикална терапија“ изјавил извор близок до семејството за Пипл и додал дека Анџелина Џоли е цело време покрај него.
„И таа и Пакс се многу благодарни на сите кои им помогнале, како и на медицинскиот персонал кој одлично се грижи за него“ рекоол изворот.
Од друга страна, Пит се обидел да стапи во контакт со неговиот син, но не успеал поради што актерот бил многу вознемирен и се чувствувал немоќно што не може да направи ништо. Тој сакал да го посети Пакс или да му се јави, што се и обидел неколку пати, но неговите деца не му одговарале на повиците и пораките.
Пакс Џоли-Пит со неговиот електричен велосипед се удрил во автомобил кој застанал пред него на крстосница, по што тино беше хоспитализиран минатата недела. Според медиумите тој не носел кацига кога се случила несреќата.
Според наводите од полицијата и итната медицинска помош, Пакс се жалел на болки во колковите, но во болница бил примен поради повреди на главата. Лекарите се сомневале дека има крварење во мозкот, поради што бил пренсен во болница.
Според последните информации тој сега е стабилен и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.
Извор: Индекс.хр