Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит имал сообраќајка, итно пренесен во болница

Фото: Chrisa Hickey, CC BY 3.0, via Wikimedia Commons

Пакс Џоли Пит, синот на познатите актери Анџелина Џоли и Бред Пит доживеал сообраќајна несреќа во Лос Анџелес по што итно бил пренесен во болница.

Полицијата објави дека тој со својот електричен велосипед се забил во автомобил кој стоел пред него на раскрсница, а при инцидентот тој не носел кацига.

Според наводите на итната медицинска помош и полицијата, младиот Пакс Џоли Бит се пожалил на болки во колковите, а имал и очигледна повреда на главата, поради што итно бил префрлен во болница.

Лекарите стравуваат дека, поради ударот на главата, тој може да има и помало крварење во мозокот, но според последните информации ситуацијата му е стабилна.

Пакс е еден од шесте деца кои ги имаат Анџелина Џоли и Бред Пит, а според ТМЗ тој често се вози со велосипед низ улиците на Лос Анџелес и речиси секогаш без кацига.

Најново

Последни колумни