Сериозна закана за Јадранското Море се инвазивните видови, а еден од најголемите меѓу нив е синиот рак, кој се брзо шири и ја загрозува автохтоната флора и фауна. Сепак, решението на овој проблем експертите од проектот BlueDiversity го гледаат како можност за економски развој и проширување на понудата на менито на локалните ресторани.
Природното подрачје на плавиот рак се бреговите на западниот Атлантик, каде што населува естуариуми, лагуни и плитки брегови со муљесто и песочно дно. Но, поради човечките активности ракот се проширил во многу европски морски екосистеми, вклучувајќи ги Јадранското и Егејското море.
Плавиот рак е изразито прилагодлива врста, отпорна на различни услови на соленост и температура, а неговата способност за брзо размножување му овозможува да се шири долж целата јадранска обала.
Проектот BlueDiversity ги соира италијански и хрватски експерти како и локалната заедница во заштитата на екосистемот на Јадранското Море од инвазивни видови. За зачувување на автохтоната популација на риби и други морски организми, важно е континуирано следење на бројноста на плавиот рак и преземање мерки за негово контролирање, велат експертите.
Плави рак во локалните ресторани и туристичките дестинации
Биологот Јосип Бобан од Јавната установа Море и Крш – за управување со заштитените делови на природата во Сплитско-далматинската жупанија, изјави за Хина дека еден од главните цели на проектот е имплементацијата на одржливи рибарски методи, преку примената на еколошки прифатливи замки за плавиот рак. Бобан нагласува дека проектот промовира и комерцијализација на плавиот рак како одржлив ресурс.
„Со оглед на тоа што станува збор за вид кој има висок репродуктивен потенцијал, можно е континуирано ловење, што би ја регулирало неговата бројност и го намалило негативниот ефект на автохтниот екосистем. Исто така, тоа би им дало можност на локалните стопанственици да ја збогатат понудата и да го пласираат на пазарот“, додаде тој.
„Користењето на плавиот рак во локалните ресторани и туристичките дестинации придонесува и за одржлив туризам. Преку едукативни тури и специјализирани менија, посетителите и туристите можат да научат за значењето на контролата на инвазивните видови, но и за важноста на зачувувањето на морските екосистеми“, вели Бобан.
Во Хрватска, ловењето на плавиот рак е сè уште во почетната фаза и само мал број рибари го ловеат комерцијално. Годишниот улов на плави рак за 2023 година изнесувал само четири тони, рече Бобан.
Плавиот рак (Callinectes sapidus), првпат бил забележан во Јадранското море 1949. година на северниот дел на Јадранското море, во водите на покраината Абруци. На источниот брег на Јадранското море, првото наоѓање било забележано 2004. година во областа на Стонската солана и устието на реката Неретва.
Во последните децении, неговата популација во Јадранското море се зголемила драстично, особено на северниот дел и устието на Неретва, што негативно влијае на автохтоните видови рак, школки и риби.
Во своето природно станиште, плавиот рак има важна улога во контрола на популациите на школки и чистењето на дното од органски остатоци, но во инвазивните подрачја, недостатокот на природни предатори му овозможува неконтролирано ширење.
Проектот BlueDiversity започна во март минатата година и ќе трае до крајот на август 2026. Во проектот се вклучени четири италијански и три хрватски партнери. Од хрватските партнери, покрај Јавната установа Море и Крш и Јавната установа за управување со заштитените делови на природата на Дубровачко-неретванската жупанија, тука е и Сплитскиот институт за океанографија и рибарство. Вредноста на проектот е околу два милиона евра и се финансира од Европската унија.