Сини очила од Џон Ленон и фотографии од Еби Роуд одат на аукција

Фото: Catherine Southon Auctioneers and Valuers

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио.

Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти.

Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица.

Фото: Catherine Southon Auctioneers and Valuers

Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон.

„Младото момче ги видело очилата како се оставени на пианото и ги зел, по што неговата девојка му рекла да ги остави, а Џон Ленон рекол дека е во ред и дека може да ги земе“ велат од аукицската куќа.

Колекцијата од 33  црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.

Извор: Би-Би-Си

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни