Сингапур размислува за изградба на вештачки острови околу својот источен брег за да заштити дел од својата територија од порастот на нивото на морето како последица на климатските промени, најавија министрите.
Студиите за изводливост и влијанието врз околината на проектот наречен Long Island ќе почнат да се прават во 2024 година и ќе потраат пет години. Новосоздадените површини ќе може да се протегаат на 800 хектари, со што густо населената град-држава би добила повеќе простор за своите жители, но и за паркови итн.
Сингапур има 6,2 милиони жители и опфаќа 63 острови на површина од 724 km2, што го прави едно од најгусто населените подрачја во светот. Премиерот Ли Хсиен Лонг предупред уште во 2019 година дека растот на нивото на морето е сериозна закана за Сингапур.
Потребната работа за да се заштити брегот може да биде доста скапа и да надмине 100 милијарди сингапурски долари или 68.626 милијарди евра за 100 години. Вештачките острови може да бидат изградени покрај брегот за да формираат еден вид одбранбена линија од растот на ивотот на морето.
Владините агенции на Сингапур размислуваат и за можноста за узградба на брани високи 3 метри околи брегот, но за реализацијата на тој проект има големи технички пречки.
Извор: javnosti.rs