Синер одигра меч со целосна контрола и смиреност. Иако реализира само една од шесте брејк-топки, тој постојано го притискаше противниковиот сервис и го задржа својот стабилен, со шест аса и само осум неизнудени грешки.
Канаѓанецот пружи силен отпор, но во клучните моменти попушти — неговите 13 неизнудени грешки беа пресудни во дуелот кој траеше час и 51 минута.
Со овој триумф, Синер го потврди статусот на најдобар тенисер во светот за 2025 година. Ова е негов петти трофеј во сезоната, и петти од серијата „Мастерс 1000“. Пред Париз, славеше и на Австралија опен, Вимблдон, како и на турнирите во Виена и Пекинг.
Неговата постојана форма и ментална стабилност му овозможија да го престигне Карлос Алкараз, кој во Париз беше елиминиран уште во второто коло.
Синер повторно пишува историја на италијанскиот тенис
Враќањето на Синер на врвот на АТП-листата претставува ново поглавје во историјата на италијанскиот спорт. Тој стана првиот Италијанец кој повеќе пати бил број еден во светот, а воедно и еден од најмладите играчи што успеале да го постигнат тоа повеќе од еднаш.
Во Торино ќе настапи како прв носител на завршниот АТП-турнир, додека сезоната ќе ја заврши со „Фајнал-ејт“ турнирот на Дејвис купот, на кој нема да учествува.
Извор: Nova.rs