Филмот ја имаше својата светска премиера на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, каде ја отвори и самата Мостра. Таму актерот Тони Сервиљо ја освои престижната награда „Волпи“ за најдобар актер, а филмот беше и номиниран за највисокото признание „Златен Лав“.
На истата локација, со почеток во 22:30 часот, ќе биде прикажан филмот „Југо Флорида“ во режија на Владимир Тагиќ, во кој главната улога ја толкува популарниот српски актер Андрија Кузмановиќ. За оваа улога Кузмановиќ беше награден со „Срце на Сараево“ за најдобра актерска изведба на Сараевскиот филмски фестивал во 2025 година.
Во рамки на вечерниот репертоар, публиката ќе може да проследи и краткометражни филмови. Во Денсинг салата на МКЦ ќе се прикажат „Зајак“ од Ханис Багашов – добитник на наградата за најдобар филм на фестивалот Дримшорт во Струга и „Еден од оние денови кога Хеме умира“ во режија на Мурат Фиратоглу.
Паралелно, во Кинотеката ќе бидат прикажани две кратки остварувања: „За Ева“ во режија на Бојан Василев и „Вена“ на Кјара Флајшхакер.
Билетите за сите филмски проекции на Синедејс се достапни на официјалната страница: www.cinedays.mk.
